9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЦако се вработи и стана дел од тимот на Град Скопје: Погледнете...

Цако се вработи и стана дел од тимот на Град Скопје: Погледнете како му помина првиот работен ден

Го прогласија за херој на годината, по неверојатниот успех кој го постигна со останатите танчери од танцовото студио „Dancers United MK“. По освоеното прво место во Киелце, Полска, македонската јавност не престана да зборува за Александар Матовски – Цако и неговите пријатели.

Цако покрај танцувањето е творец на поезија, има своја радио емисија во која е водител и секако борец за човековите права. На крајот на 2018 година тој ја раскажа неговата приказна, а денес запиша уште еден успех во низата.

Имено, откако дипломираше на Педагошкиот факултет и стана дипломиран професор по предучилишно образование, Цако се вработи и стана дел од тимот на Град Скопје. Оваа среќна вест ја сподели неговата сестра, која сподели фотографија од неговиот прв работен ден.

 

Фотографија на Marija Matovska.

 

„Прв работен ден на мојот Александар како дел од тимот на Град Скопје и тоа токму на неговиот 29 роденден. Со среќа и лесно мил мој! Вечно да те следи среќната ѕвезда и никогаш да не престанеш да нѐ инспирираш и мотивираш.“ – напиша во описот на фотографијата гордата сестра, Марија.

Исто така со опис „Кога за роденден ќе добиеш најубав подарок – вработување“ и Цако сподели фотографии од овој за него посебен ден.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...