6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМлад сточар од Битола моли за помош: Во пожар ги изгубив сите...

Млад сточар од Битола моли за помош: Во пожар ги изгубив сите мој животни, фармата повеќе ми ја нема….

Пред некое време не повеќе од месец дена, прочитавме сторија за млад брачен пар Александар и Емилија Лазареви од село Олевени Битолско која побуди многу радост и емоции што има Македонци кои си ја сакаат почвата на која израснале и сакаат да работат и допринесат во своето село!Кои го сакаат земјоделието гранка од која може да живее Македонија!!!

Луѓе кои не борат да избегаат од Македонија,кои не кукаат туку кажуваат дека може да се живее достоинствено доколку се работи чесно!Само што се земале Емилија на 21 годишна возраст Александар на 26 од нула почнуваат да ја прават својата мини фарма и достигнуваат преку труд и работа доста за пет години и го зголемуваат бројот на животни и видот на животни!
Инвестираат во механизација и живеат воглавном од земјоделие и од фармата!
Оптимизмот што го прочитав ме натера да добијам контакт од Александар да му честитам а Александар пак со своите планови за во иднина заедно со својата сопруга која е од Битола нутриционист по професија и желбата да остане во Македонија ми го разубаве денот!!!
Планови за производство на месо,на сирење,современа кланица,беа дел од плановите кои ми ги кажа Александар со радосен самоуверен и оптимистички глас!!

За разлика од тогаш сабајлево кога ми се јави со плачлив,безнадежен и уморен глас ме обавести дека за 15 минути голем дел од неговиот труд се претворил во пепел!Пожар од електичен спој ја пеплоса мини фирмата!
Александар се борел колку можел,со изгореници и повреди е,соселани дошле,пожарната дошла но толку брзо се развивал пожарот што не можеле да помогнат!Александар спасил колку што можел но штетата е огромна!

Една маторица,15 прасиња,два тона концентрат околу 40 кокошки,култиватор,мелница за сточна храна и други работи се изгорени!
Егзистнцијата на семејството доведена на минимум!Ова семејство живее воглавном од земјоделие и изгорената фарма!
Само мајката на Александар работи во училиштето,кое веднаш помогнало со еднократна помош од 10000 денари,татко му 11 години е инвалид како и 90 годишната баба!

Добри луѓе мили мои Македонци во Македонија и секаде низ светот, Битолчани,општина Битола помогнете кој колку може на младите а вредни Емилија и Александар за да не се откажат од своите соништа и заминат од Македонија!
Многу енергија има во нив а господ дава искушенија за да види дали сме спремни да ги пребродиме!
Овие млади луѓе се спремни,си ја сакаат својата почва, својата Татковина,своето село,но потребни сме да помогнеме кој колку може!
Замолувам медиумите од Битола да ги посетат и од цела Македонија!!!
Акександар е означен може да му пишете доколку сакате да помогнете а во коментар ќе биде и сметката и неговиот телефонски број!!!Споделувајте и ширете го постот!!!
МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ!!!Фотографија на Dejan Gavrovski.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...