11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаUncategorized @mkПочна трката за гласови: Курто Дудуш им се заканил на пазарџиите дека...

Почна трката за гласови: Курто Дудуш им се заканил на пазарџиите дека ќе им ги одземе тезгите ако не гласаат за него

Пазарџиите од Шуто оризари секој ден се соочуваат со закани, казни и притисоци, објави телевизија Алфа.

Тие се жалат дека градоначалникот Курто Дудуш не престанувал да ги уценува и да се изживувал врз нив. Велат дека во предизборие, сакал да купи повеќе гласови, во спротивно ќе им ги одземел тезгите од каде го ваделе лебот.

Ова е веќе дивеење од него, предизборно се пазари со нас, се пожалија пазарџиите пред нашата камера, кои сакаа да останат анонимни.
Поразителните политики кои ги води градоначалникот на општина Шуто Оризари, не престануваат се жалат пазарџиите. Велат отишол и до таму што почнал да удира и по нивните џебови и тоа од 50 евра па нагоре поради погрешно поставен штанд.

Според сведочењето на пазарџиите, градоначалникот без срам и перде ги свикал во општина и јавно им се заканил дека мора да гласаат за него на претстојните избори.

Ова е само уште еден пример за праксата што власта ја спроведува во континуитет за притисок врз гласачите, посебно кон Ромите, велат тие. Екипата на Алфа била во Општината, но градоначалникот не беше таму.

За самоволното и каубојско функционирање на градоначалникот Курто Дудуш, доказ е и неговата постапка каде ги казнува само дел од пазарџиите, а останатите може слободно и на улица да продаваат, зашто зад нив стоеле високи претставници од власта. Тие велат дека нема да попуштат, и дека нема да дозволат да се врши притисок врз нив, особено не сега за време на предизборие.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...