8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГрупа деца влегле во силосите на Жито-мел во Куманово за да прават...

Група деца влегле во силосите на Жито-мел во Куманово за да прават селфи, едното од нив паднало и се здобило со тешки телесни повреди.

spot_imgspot_img

Вчера во 15,00 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од ул.„Тодор Велков“, било донесено дете со повреди од пад. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14,30 часот, шест малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат.

Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клини “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...