14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЗабаваКанадски бизнисмен ги шокирал сите собрани на суд кога кажал дека запалил...

Канадски бизнисмен ги шокирал сите собрани на суд кога кажал дека запалил речиси еден милион долари за да не ѝ ги даде на поранешната сопруга за алиментација.

Брус под заклетва тврдел дека парите ги подигнал од шест банки во 25 дела и готовина од милиони канадски долари (околу 700 000 евра) и ги запалил на две клади на 23.септември и на 15 декември минатата година. Тој изјавил дека има и потврди да го докаже тоа, ама дека никогаш не го видел како ги пали парите ниту има снимка од тоа.

Меконвил открив дека мотивот за неговиот чин била фрустрацијата од бракоразводната парница и дека знаел дека на тој начин ќе им наштети на своите деца.

Ги запалил. Тоа не е нешто што инаку би го сторил, а не сум ни претерано материјалистичка личност. Секогаш сум бил економичен, затоа работата ми траеше 31 година, изјавил бизнисменот на суд.

Меѓутоа, судијата не бил одушевен од изговорот и му било тешко да поверува во приказната па го испратил 30 дена во затвор поради непочитување на судото и му се заканил со уште поголема казна ако продолжи да лаже.

Сметам дека тоа што го тврдите дека сте го направиле е за секоја осуда затоа што е намерно и директно го загрозува интересот на вашите деца“, изјавил судијата Кевин Филипс.

Ова се чини не бил прв случај на Брус да ја избегне алиментацијата. Порано продавал делови од својот имот и капитал на поранешниот книговодител, иако му било кажано да не го прави тоа додека се утврдува нивната вредност.

И понатаму останува мистерија колку имот и колку пари има Меконвил. Судот не може да утврди колку ѝ должи на поранешната сопруга па поради тоа не ѝ плаќал ништо, ама при претходното сослушување му било наредено за секој ден од казнувањето да ѝ плати казна од 2000 канадски долари на својата сопруга.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...