22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридВенко Филипче: Болницата во Охрид ќе добие апарат за магнетна резонанца

Венко Филипче: Болницата во Охрид ќе добие апарат за магнетна резонанца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кон крајот на 2019 година, во оваа јавно-здравствена установа се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар, со поддршка од бугарската амбасада и Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.

<

– Во новиот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар работат експерти од оваа област, дефектолози, психолози и невропсихијатри и веќе се третираат 40 деца од целиот регион на Охрид, Струга, Кичево и Ресен.

Станува збор за единствен Центар во овој регион, којшто беше навистина потребен, бидејќи досега ваква експертиза на едно место, во вакви услови со специјална сензорна соба, немаше во овој дел од нашата држава.

Исто така, во рамки на посетата, со директорката разговаравме за натамошно зајакнување на капацитетите на Општата болница во Охрид, по огромниот број приеми и дадени специјализации, продолжуваме со инфраструктурно зајакнување.

Во периодот што следи ќе ја почнеме постапката за набавка на апарат за магнетна резонанца, што ќе биде прв апарат за МР во Охрид и е исклучително важен за жителите на овој град, како и за целиот регион, имајќи во предвид дека огромен број интервенции коишто бараат вакво снимање се спроведуваат во оваа болница и во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, во која се вршат многу комплексни ортопедски интервенции, изјави при денешната посета министерот Филипче.

извор: ОхридПрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...