5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗаедницаБорбеноста е во македонскиот ген -"Австралиецот" кој ги тренира македонските...

Борбеноста е во македонскиот ген -“Австралиецот” кој ги тренира македонските специјални единици

Роберт Наумоски- австралиски експерт во Бразилско Џиу Џицу и спортист на Австралија за сите времиња.

Роберт  почнал да тренира Нинџитсу уште од раното детстсво на 12-годишна возраст. Во 1994 се стекнал со црн појас. За потоа да се префрли на боречките вештини  џиу џицу. До 2010 година пет пати бил првак на Нов Јужен Велс, три пати австралиски шампион и четири пати панпацифички првак. Тој е прв носител на црн појас во бразилската боречка вештина џиу џица со македонско потекло.

Роберт Наумоски е роден во 1974 година во Когра (Сиднеј) Австралија а по потекло е од Кривогаштани Прилепско. Неговите родители се преселиле во Австралија во 1969 та година. На 12 годишна возраст го привлекуваат боречките вештини и почнува да тренира џиу џицу но вежба и повеќе боречки вештини како што е боксот, борењето, кендо и многу други..

За време на неговото детство врската со својата земја не е прекината и ги посетува училиштата за македонски јазик, игра фудбал во македонскиот фудбалски клуб и членуваво играорна секција. Дипломира Математички науки на Универзитетот за Технологија во Сиднеј и денес работи како професор по математика. За време на студиите ја основа Македонската Студентска Асоцијација при универзитетот во Сиднеј.
Наумоски со спорт почнал да се занимава на 12 годишна возраст
„Гледав еден УФЦ настан, при што еден борец ги победи сите противници со новиот стил на џиу џицу.

Тоа беше Ројс Грејси, кој што новиот стил го афирмираше како бразилско џиу џицу. Мене тоа ме привлече и веднаш побарав клуб каде што ќе може да тренирам“.
Првиот учител го запознал случајно.

Ројс Грејси и Роберт Наумоски

Додека тренирав во салата, сопственикот на клубот го повикал Роберт да направат спаринг-борба . На тој спаринг, сопственикот на салата му покажал движења и техники од БЏЏ. По тој ден, Роберт одлучува дека мора да види каква е оваа техника, да ги научи движењата како и стилот на БЏЏ. Одтогаш започнал интензивно та го Започнал да тренира во локалната сала секоја сабота
Тогаш го запознава Пауло Гимарез, првиот жител на Австралија носител на црн појас во БЏЏ. Од тој момент, Роберт сфаќа дека го пронашол својот БЏЏ учител. Наумоски уживал во тие тренинзи. Пауло им покажал на своите ученици дека БЏЏ не е само боречка вештина, туку целосен начин на живот. Пауло ги навел да се чуствуваат како дел од една голема фамилија во клубот.

Со Пауло Гимараез


Бразилското Џиу Џицу во Македонија
Пред повеќе од десетина години голем интерес за оваа боречка вештина покажа Ивица Алексовски (моментално претседател на Бразилската Џиу Џицу федерација на Македонија). Отидов во Македонија и заедно формиравме клуб и ги усовршувавме боречките вештини . Ивица се стекна со црн појас и е првиот македонец со црн појас .
Првиот семинар го одржавме во една сала на гимназија во Скопје на -10 Ц пред околу 240 студенти. Одтогаш оваа боречка вештина зема огромен замав во Македонија.

Ивица Алексовски при стекнувањето на Црн Појас

Македонскиот тим за кратко време оствари огромни успеси

Македонските специјални сили се едни од најподготвените во светот и се на исто ниво со специјалците на големите земји како Америка, Русија итн.
Роберт секоја година патува во Македонија каде држи предавања и обука на специјалните сили како ЕБР, Лавови , Тигри, Алфите
Покрај обиколката на клубовите во Македонија, каде што одржува семинари и редовни тренинзи, држи обука и на елитните единици на МВР и на армијата .


Ми беше посебна чест а и одговорност кога за првпат бев поканет да демоснтрирам вештини од бразилското џиу џицу на македонските елитни единици. Првиот тренинг поминал во многу пријатна атмосфера .
Со елитните единици не е дноставно затоа што тие се искусни борци и сакаат да научат вештина која практично ќе можат да ја применат во вистинска ситуација : „Тие веќе знаат за што станува збор.

Имаат големо искуство, затоа брзо ги сфаќаат техниките, како да ги правеле со години. Секоја година кога доаѓам држам часови и со нив“., јас научив многу од нив а тие од мене. Моја оценка дека македонските елитни единици имаат највисок степен на подготовка и се носат рамо до рамо со елитните единици на најразвиените армии во светот.

Тимот на Roots во Австралија 

Роберт е добитник на 5 титули во Нов Јужен Велс, 3 Титули на ниво на Австралија, 4 титули на Пан Пацифик а повеќе од неговите ученици се добитници на златни медали. Роберт е назначен за најдобар спортист во Австралија и е индуциран во Хол оф Фејм (Ѕид на славата )
За крај Роберт ќе рече Борбениот дух ни е во генот на нас македонците затоа и имаме успешни спортисти од светски размери.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...