5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВерниците од септември ќе можат да уживаат во преубавите конаци во Свети...

Верниците од септември ќе можат да уживаат во преубавите конаци во Свети Јован Бигорски

Главната прослава посветена на големиот јубилеј, илјада столетија од основањето на Бигорски манастир, ќе се одржи на 18 октомври годинава.

Игуменот на манастирот, архимандрит Партениј, и монасите веќе неколку месеци максимално се ангажирани во најдобро светло да го одбележат овој значаен јубилеј за македонскиот православен народ, за Македонската православна црква – Охридска архиепископија и за целото православие.

Веќе една година градежниците со несмалено темпо работат на изградбата на манастирскиот конак за гости. На просторот од десната страна на влезот во комплексот на бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ се издигаат гостинските манастирски конаци.

Се работи на поставување на електро, водоводна и канализациска мрежа, а потоа ќе се дотера фасадата, ќе се уреди паркинг-плацот и ќе остане уште опремувањето на одаите со мебел.

Архитектурата на гостинскиот конак, односно градбата, е со дрво и камен во стилот на старата мијачка архитектура, која целосно се вклопува во комплексот на Бигорскиот манастир.

Манастирскиот гостински конак ќе располага со седумдесетина легла, чардаци и други заеднички простории наменети за гостите. Како што нѐ информира јеромонахот Доситеј, конакот ќе почне да ги прима гостите најдоцна во септември.

Осветувањето ќе се изврши на главната прослава истовремено со новите монашки ќелии во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица. Носител на изградбата на конакот е скопската фирма „Агноандика“, заедно со изведувачот „Рединг“ ДООЕЛ Скопје. Проектот е на проектантската фирма „Виадукт“, исто така, од Скопје.

Нова Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...