8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМалкумина од вас знаат дека нашиот Џамбо Агушев правеше музика за филм...

Малкумина од вас знаат дека нашиот Џамбо Агушев правеше музика за филм на режисерот на „Паразит“, кој собра 4 Оскари

spot_imgspot_img

На малкумина во Македонија им е познат фактот дека нашиот музичар,
струмичанецот Џамбо Агушев пред неколку години работел на музиката за филмот
„Окја“ на јужнокрејскиот режисер Бонг Џун Хо, авторот на филмот „Паразит“, кој
стана првиот странски филм која го доби престижниот Оскар за филм на годината.
Паразит освои уште три Оскари, во категоријата интернационален филм, каде го
победи нашиот “Медена земја“, за оргинално сценарио и режија.
Во филмот „Окја“ често можете да ги слушнете звуците на трубата на Агушев.

“Чувството да бидеш дел од филм надвор од државата е неверојатно и сон за секој
музичар. Филмот беше презентиран во Кан – Франција и присутните беа задоволни,
судејќи по аплаузот. Тоа е гордост за мене и мојот оркестар “Џамбо Агушеви“, но и за
Македонија што ја презентираме на највисоко можно ниво. Се надевам дека државата
ќе се сети на нас, барем да ни се заблагодари за ваквиот успех“, напиша тогаш Џамбо
на својот Фејсбук профил.
Фото/видео: Фејсбук/Агушев

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...