6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОткако Филипче станал министер, Горан Филипов добил тендери вредни 7 милиони евра....

Откако Филипче станал министер, Горан Филипов добил тендери вредни 7 милиони евра….

Од 25 декември 2017-та кога Венко Филипче седна во министерското столче, вкупно 7 милиони евра од сметките на Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија, завршиле на сметката на Синерџи, компанијата во сопственост на Горан Филипов, партнерот со кој куќа гради Катерина Савевска, тештата на министерот за здравство, пренесува Алфа.

Според информациите од Бирото за јавни набавки, првиот тендер вреден 350.000 евра компанијата на Филипов, го договорила на 26 декември 2017-та година, само еден ден откако Собранието го изгласа изборот на Филипче. Во текот на 2018-та, Синерџи од здравствените установи во државата добила речиси 2 милиони евра.

Првите два месеци од годината, нешто помалку од 670.000 евра завршиле на сметката на Синерџи. И април бил доста бериќетен за компанијата на Филипов, тогаш на нивната сметка легнале речиси 450.000 евра.

Профитот бил многу поголем во 2019 година. Тогаш фирмата од Министерството за здравство и другите здравствени установи, добила речиси 4,7 милиони евра.

Најбериќетен месец во 2019-та бил декември, кога Синерџи добила 1 милион и 850 илјади евра. Последниот и единствен тендер кој засега во 2020 година Синерџи го договорила е вреден нешто повеќе од 60.000 евра.

Алфа денеска стапи во контакт со министерот за здравство, тој најави дека во текот на утрешниот ден пред камерата на Алфа, ќе ја раскаже својата страна од оваа приказна. Филипче претходно потврди дека го познава Филипов, но не биле многу блиски пријатели.

-Да, го познавам човекот, пријателски врски немаме некакви посебно. Меѓутоа, сум во контакт со него, го знам од порано, како од градов, така и тука од клиника, изјави Филипче.

Одговор околу оваа сторија на Алфа, се уште чекаме од Горан Филипов. Денеска пак повторно се јавивме во Синерџи медикал, но до сопственикот повторно не успеавме да дојдеме. Повторни ни рекоа дека ќе не побараат за одговор исто како минатата недела.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...