9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаШеќеринска: Замислете кога ќе влеземе во Нато, Македонските војници тогаш можеби ќе...

Шеќеринска: Замислете кога ќе влеземе во Нато, Македонските војници тогаш можеби ќе учествуваат во мисијата на НАТО во Ирак

Македонски војници и офицери ќе може да учествуваат во проширената мисија на НАТО во Ирак, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска по дводневниот министерски состанок во Брисел. Во рамките на Јадранската повелба, подготвени сме да испратиме одреден број офицери и војници, додаде таа.

Министрите за одбрана на НАТО се договорија да ја прошират мисијата за обука во Ирак, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по завршувањето на дводневниот состанок во Брисел. Деталите за мисијата ќе бидат дополнително соопштени, откако тие ќе бидат усогласени со Глобалната коалиција со која соработуваат во Ирак, истакна Генералниот секретар.

Сега разгледуваме како можеме подобро да се координираме и за тоа дали можеме да ги поделиме одговорностите меѓу коалицијата и НАТО. Ние го правиме ова во блиска соработка со Коалицијата и со ирачката влада“, изјави Столтенберг на прес-конференција.

Тој истакна дека оваа мисија е наменета за ирачката војска, која е во првиот фронтален ред во битката со ИСИС, има за цел ИСИС никогаш да не се врати.

Мисијата предводена од Канада започна во 2018 година, но од минатиот месец е суспендирана откако американските сили го убија иранскиот генерал Касем Солејмани во напад со беспилотно летало на багдадскиот аеродром. Веднаш потоа ирачките власти побараа заминување на странските сили од земјата. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара од сојузниците повеќе да се вклучат на Блискиот Исток.

„Сè што правиме е во координација и консултација со ирачката влада“, изјави Столтенберг.

Македонските војници и офицери ќе бидат на располагање за учество во оваа мисија, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која присуствуваше на дводневниот министерски состанок. Таа истакна дека на состанокот ја изразила подготвеноста на македонската војска во рамките на Јадранската повелба, заедно со земјите од Балканот и САД да испратат одреден број офицери и кадар за тренинг мисијата.

„Но, мислам дека ова е сè уште во почетна фаза, сето тоа се разбира ќе треба прво да се финализира во НАТО, ќе треба да се организира конференција на која ќе се генерираат силите, а ние како членка која има искуство од Авганистан, и во Ирак ќе имаме што да понудиме. Тоа ќе биде плус и од голем интерес и за нашите војници и офицери и ќе биде голем бенефит за Алијансата и за нас“, изјави Шекеринска.

Во однос на македонската мисија во НАТО, Шекеринска истакна дека во втората половина на март ќе привршат основните активности за преселба на мисијата во главното седиште на Алијансата, со што, како што вели и политичкиот и одбранбениот дел до крајот на март ќе бидат завршени, со што Северна Македонија станува полноправна земја- членка на НАТО.

Таа додаде дека со Британија е потпишан нов договор со кој се подигнува нивото на соработка во одбраната, од земја партнер во земја сојузник, и дека очекува на следните средби со колегите од Турција и САД да го сторат истото.

радио слободна европа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...