11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСвет100 евра помош за Кина од Корони, да се справи со Корона...

100 евра помош за Кина од Корони, да се справи со Корона вирусот.

Малата островска држава Комори и донираше на Кина симболични 100 евра за да и помогне во борбата против ширењето на коронавирусот.

Церемонијата на врачување на донацијата се одржа во главниот град Морони во почетокот на јануари, но за тоа последниве денови известуваа само локалните медиуми, пишува РТ.

Делегацијата предводена од Ахамад Мса М’лива му врачи симболична сума од 100 евра на кинескиот амбасадор за набавка на заштитни маски.

„Ние ги знаеме капацитетите и средствата на Кина, но со овој гест сакавме да му покажеме на кинескиот народ колку се загрижени Коморијците“, рече М’лива.

М’лива, исто така, ги пофали кинеските власти за нивната одлична комуникација и соработка со меѓународните организации за време на борбата против ширењето на коронавирусот.

Комори е островска држава во јужна Африка. Се наоѓа во Мозамбичкиот канал помеѓу островот Мадагаскар и африканското копно.

Кина беше првата земја што ја призна малата островска нација од 850.000 жители откако таа стана независна од Франција во 1975 година.

Бројот на заразените од коронавирусот, кој сега доби и официјално име „Ковид-19“, во Кина достигна 44.653, а бројот на починатите се искачи на 1.113, соопштија денеска властите во Пекинг.

Во последните 24 часа, 97 лица починале од коронавирусот, а пријавени се нови 2.015 случаи.

мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...