30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаГрдоначалничката Теута Арифи чека да дојде пролет или лето, за да го...

Грдоначалничката Теута Арифи чека да дојде пролет или лето, за да го пушти во употреба лизгалиштето.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тетовци најверојатно нема да имаат можност да го користат монтажното лизгалиште на градскиот плоштад кое беше оштетено пред да се пушти во употреба.

<

Иако директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во неделата најави дека со општината разговарале за санација и пуштање во употреба на лизгалиштето, градоначалничката Теута Арифи со спротивни ставови. Таа рече дека ќе се санира, но поради временските услови тоа ќе остане за наредната година.

-Нормално дека ќе се санира, но како што е времето не мислам дека ќе може истото да се користи. Нормално многу ми е жал за фактот што добрите работи им пречат на луѓето. Треба да се навиканат понекогаш и на убави работи, може да се случат и убави нешта. Така ние ќе го санираме, па идната зима можеби ќе имаме повеќе среќа да биде користено, рече Арифи.

На крајот од декември почна да се поставува монтажното лизгалиште, а на новогодишната ноќ беше изгорена дел од алуминиумска ограда. Поставувањето на монтажни спортски лизгалишта е проект кој го спроведува Агенцијата за млади и спорт. Тетово е еден од седумте градови предвидени за поставување, односно монтирање на лизгалиште со вкупна вредност од 14 милиони денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...