7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМилошоски: Едно време Мукоски за СДСМ беше терорист кој ја отвори вратата,...

Милошоски: Едно време Мукоски за СДСМ беше терорист кој ја отвори вратата, а сега лапа ли лапа тендери и уште му аплаудираат.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека пратеникот Крсто Мукоски до 2017 за пратениците од СДСМ бил терорист, но почнал да прима милионски тендери, откако помогнал да се отвори вратата кон НАТО и да не остане доследен на оние граѓани што го избраа.

Беше терорист за Зекири, Ременски и многу други од СДСМ. Не знам дали сè уште го мислат тоа, но знам дека фирмата на фамилијата Мукоски која СДСМ ја обвиниваше за криминал доби тендери во вредност од 4 милиони евра. И сега Мукоски бил добил преговарач за зсконот за ЈО, рече Милошоски, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, не му дозволи да пушти нова снимка.
Тој повтори дека власта брза да го донесе законот за ЈО за да го спаси лицето З. З. од одговорност за „Рекет“ притоа покажувајќи транспарент на кој пишуваше „Рене, Зоки и Оли- Рекет“.

Милошоски обвини и за местење избори посочувајќи дека братот на Заев, Вице Заев дал 35 лични карти на извесна Милевка од Радовиш за која рече дека им е колешка во парламентот.

Имате таму 35 лични карти на луѓе од ромска националност, таа работа треба да ја заврши Милевка од Радовиш, рече Милошоски читајќи го транскриптот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...