4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВо реновираниот студенски дом „Гоце Делчев“ ќе се наплаќа по 400 денари...

Во реновираниот студенски дом „Гоце Делчев“ ќе се наплаќа по 400 денари за ноќевање, резервации на Booking.com

Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски центар за „Мета.мк“ рече дека планира да го стави овој дом на booking.com, за да може секој, посебно во летните месеци кога собите се празни, да си изнајми соба. Едно ноќевање вели, ќе чини 400 денари.

– Во однос на храната, има значително подобрување и во однос на квалитет и на разновиност. За храна и за сместување студентот плаќа 3.400 денари месечно, а условите за живот овде се достоинствени и најдобри досега – вели Николовски.

Мини кујна, нови кревети и душеци, нови плакари, нови прозорци и врати, опремени заеднички простории за одмор. Сето ова го има во сите четири згради-блокови кои го сочинуваат студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден по катастрофалниот земјотрес, а пуштен во употреба пред точно половина век, во 1970 година. Во меѓувреме, никогаш од изградбата не беа направени потемелни реконструкции на објектите кои им биле дом на илјадници станари кои живееле овде во текот на студиите.

Просторот околу домот во моментов партерно се уредува, а она што е непроменето е студентската менза. Студентите со кои поразговаравме велат дека се задоволни од подобрените услови за живот во домот.

– Студент сум во четврта година. Сум живеел во неколку студентски домови, можам да кажам дека овде е најдобро досега, бидејќи се е ново. Ми имаат раскажувано дека во минатото родителите на своја иницијатива и со свои пари им ги средувале собите на нивните деца-студенти, бидејќи биле многу лоши условите за живот. Сега не е така. Само уште да знаеме да го сочуваме ова што го имаме, да не го уништуваме инвентарот – вели Горан М.

Во студентската менза сѐ како да е застанато во времето, бидејќи објектот не е реновиран откако е изграден. Но, храната што се приготвува е поквалитетна и побогата во споредба со претходно, барем така велат студентите. На мени за појадок денеска имаа да избираат – пржени и варени јајца, путер, зденка, кашкавал, јајца со виршли, сирење, паштети, јогурт, млеко…

Во минатото, студентите-станари во студентскиот дом „Гоце Делчев“ спиеја на скапани мандраци, во соби со прозорци што не дихтуваа, а мебелот беше стар и мувлосан. Тоалетите беа во ужасна состојба, студентите многу често немаа топла вода за да се искапат, ниту парно за да се згреат. Родителите на студентите, со одобрение на управата, многу често со свои пари варосуваа во собите, набавуваа мебел и покуќнина, за да можат нивните деца да имаат достоинствени услови за живот во текот на студиите во главниот град. извор- Мета.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...