6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерката Мизрахи падна за Македонија - Ја разрешија заради името Република Македонија

Министерката Мизрахи падна за Македонија – Ја разрешија заради името Република Македонија

Речиси до 04 часот изутрината траеше седницата на Собранието на која пратениците со 62 гласа “за” и 26 “против” изгласаа разрешување на техничката министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Таа на 3 јануари годинава стана дел од техничката влада која треба да организира и да спроведе избори.
Премиерот Спасовски побара нејзина смена бидејќи таа не го почитувала Уставот, односно не ја сменила таблата со натпис Република Македонија во министерството.

Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда.

Никогаш не сум прекршила ни Устав, ни закон. Баба ми Ризова Трајанка била член на партизанската бригада ‘Добри Даскаловски’ која крварела за слободата на Република Македонија. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!” истакна Мизрахи од собраноската говорница по што следуваше пет часовна дебата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...