14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВидео: Актерката Исаура од „Преспав“ вратена од скопскиот аеродром

Видео: Актерката Исаура од „Преспав“ вратена од скопскиот аеродром

Актерката Емра Куртишова јавноста ја запозна како Исаура во ТВ серијата „Преспав“ била вратена од скопскиот аеродром. Имено, таа изјави дека планирала да патува кај нејзината сестра во Германија и таму да остане до 27 август.

Емра раскажа дека имала уреден повратен авиобилет и потврда од театарот каде што работи, но на пасошка контрола и го оспориле гарантното писмо и тоа дека парите што ги носела со себе не биле доволни за престој.

„Им го дадов гарантното писмо, но беше копија, зашто градот каде што живее сестра ми не издава гарантни писма бидејќи е туристичко место“ – изјави Куртишова.

Актерката истакна дека не добила ниту некаков официјален документ зошто е вратена. Таа изјави дека во текот на следните денови ќе се јави и ќе побара објаснување кај сите надележни институции.

„Суштината е чиста дискриминација… Очигледно беше дека човекот бара влакно во јајце. Имаш ли гарантно писмо – велам имам, имаш ли потврда од работа – имам, имаш ли кеш? – имам 500 евра. Ми вели, тоа е многу малку. Значи според нив требало да имам 50 евра од ден. Дали требаше да патувам со 4000 евра, а во гарантното писмо кое што воопшто не го ни прочита службеникот, пишува дека финансиски ќе ме издржува сестра ми – изјави Куртишова.

Од МВР велат дека никогаш не постапувале селективно со македонските граѓани, без разлика на која групата припаѓаат.

„Во конкретниот случај на лицето не му е дозволен излез од РМ согласно чл 15 ст 4 од законот за гранична контрола. Имено по извршената пасошка контрола и проверката во евиденциите надлежниот полициски службеник извршил разговор околу целта и мотивот за патувањето. Истата појаснила дека патува во посета на роднини и планира да остане до 27 август за што приложила и повратен авиобилет. Сепак немала доволно парични средства во однос на планираниот престој односно покажала 450 евра. Не поседувала ниту хотелска резервација ниту пак соодветно гарантно писмо. Секојдневно МВР се соочува со слични проблеми најмалку по неколку македонски државјани кои ги враќаат од границите на членките на ЕУ заради фактот дека не поседуваат доволно парични средства. Имено во просек членките на ЕУ бараат околу 50 евра дневно“ стои во соопштението на МВР.

Инаку, во четвртата сезона на серијата „Преспав“ Емра Куртишова ја имаше улогата на Исаура – помошничката во пансионот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...