7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЕксклузивно за ''Шило'' мајката на Пино, Маја Трпковска: Таткото на Ангела не...

Ексклузивно за ”Шило” мајката на Пино, Маја Трпковска: Таткото на Ангела не сака да ми изрази сочуство, иако неговата ќерка е обвинета за убиството на мојот син.

Како сведок на вчерашното рочиште за убиството на Пино Секондо бил повикан таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски. Но поради наводно недолично однесување кажал дека никогаш нема да им изрази сочуство на семејството на сега починатиот Пино, бидеќи мајката на Пино ја навредила Ангела со зборовите о*оспио, иако знаеме сите низ што помина мајката на Пино.

Пред неколку рочишта Ангела Ѓорѓиевска изјави дека не се чувствува виновна за смртта на Пинета Секондо-Пино, бидејќи ништо од тоа што е наведено во обвинението не го сторила.

Но освен Ѓорѓиева, за убиството на Пино е обвинет и Фуркан Али (27), но тој е во бегство.

Ние ја исконтактиравме Маја таа ни одговори дека бара само правда и нормално убијците на нејзиното дете да ја добијат заслужената казна, не сакам да се одмаздам вели таа, иако ми го зедоа најмилото но со кое право Ангела со потсмев го гледа судењето и не се кае за тоа што го сторила?

Таа ни кажа дека нејзинта болка од ден за ден е поголема, бидеќи сите кои го познаваа моето дете знаеа дека тој беше вистински ангел.

26 годишниот Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат ноќта измеѓу 10/11 декември 2018 , а случајот во полиција беше пријавен од неговата мајка. Потрагата по Пино траеше повеќе од пет месеци, се до 29 април 2019год, кога непознат граѓанин во полиција пријави дека во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења за кој се утврди дека станува збор за исчезнатиот Пино. Два дена подоцна, на 31 мај, МВР до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Али Фуркан(27) и Ангела Ѓорѓиевска (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

За случајот со Пино пренесуваа и Италијанските медиуми.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...