14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветИ покрај вирусот пак јадеме диво месо- Во Кина апетитиот за диво...

И покрај вирусот пак јадеме диво месо- Во Кина апетитиот за диво месо е сеуште популарен

Во изминатите неколку седмици кинеската полиција вршеше претреси на куќи, ресторани и помали пазари ширум земјата, при што ги апсеше лицата кои ја прекршуваат привремената забрана за лов, продажба или консумација на диви животни.

За тоа колку била голема акцијата најдобро говорат бројките – над 700 уапсени лица и повеќе од 40 илјади запленети животни. Ова најдобро укажува на тоа дека кинескиот апетит за диви животни или желбата нивните органи да ги користат во традиционалната медицина нема да исчезнат преку ноќ и покрај тоа што преку одредени животни се шири смртоносниот Корона вирус.

Кинеските трговци кои во „нормалните времиња“ можеа легално да продаваат кучиња, елени, крокодили и разни други животни, велат дека планираат да му се вратат на бизнисот кога пазарите повторно ќе се отворат.

„Сакам да тргувам кога забраната ќе се укине. Луѓето сакаат да ги купуваат, за себе или како подарок за другите“, изјави Гонг Јиан, сопственик на продавница за месо и „лекови“ направени од диви животни.

Научниците се сомневаат, иако не е докажано, дека новиот Корона вирус бил пренесен на луѓето преку Панголин, мал цицач чии лушпи од телото се високо ценети во традиционалната кинеска медицина.

Некои од првите зарази беа откриени кај луѓе кои посетиле пазар во Вухан каде се продавале најразлични животни, од лилјаци, па се до змии, крокодили и кучиња. Кинеските власти привремено ги забранија сите такви пазари, предупредувајќи дека консумацијата на месото на тие животни претставува закана по јавното здравје и безбедност.

„Многу луѓе сметаат дека животните живеат за човекот и дека не се само обични жители на Земјата“, изјави кинескиот пензиониран зоолог Ванг Сонг.

Инаку, бројот на смртни случаеви во Кина како последица на Корона вирусот порасна на 1,873 лица. Надвор од Кина забележани се пет смртни случаеви, додека ширум светот се заразени над 73 илјади лица.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...