6.4 C
Ohrid
сабота, декември 5, 2020
Почетна Македонија Мајката си го оставила своето дете па сега Баба Марица од скопско...

Мајката си го оставила своето дете па сега Баба Марица од скопско Кучевиште, менува по 4 автобуси и поминува 14 километри за да го носи внучето во школо.

Translate (Eng):[gtranslate]

Моника Чекаловиќ на нејзиниот фејсбук-профил упати апел за помош на баба
Марица, на која ѝ е потребно да ѝ се направи купатилото, за да не ги капе внуците во
дневна соба, за кои се грижи откако ги напуштила мајка им.
„Оваа прекрасна бабичка е баба Марица. Баба Марица е синоним за храброст! Таа се
грижи за своите внучиња кои мајката ги напушта многу мали.

Девојчето има попреченост, но баба Марица никогаш не се откажа од неа. Секојдневно ја носи во посебно училиште за деца со попреченост кое е одалечено 14 километри од селото каде што живеат..Менува четири автобуси секојдневно.

А во меѓувреме се грижи за својот неподвижен сопруг, за својот син и внуци, за
домаќинството, за тоа да не ја изгубат надежта! Баба Марица е скромна жена, со Овој пат не замоли ако можеме да и го направиме тоалетот, за да не ги бања дечињата
во корито во дневната соба и да не излегуваат во полското вц навечер.

РЕКЛАМА

Ни требаат материјали, синот сам ќе се погрижи да го уреди! (плочки, лепак, лавабо, туш кабина, вц школка, цевки),“ пишува Чекаловиќ.
Секој што сака да помогне нека ја исконтактира Моника на
нејзиниот фејсбук-профил.

- Реклами -