8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаРеката Пена се претвори во депонија, жителите стравуваат од повторување на поплавите.

Реката Пена се претвори во депонија, жителите стравуваат од повторување на поплавите.

Речното корито на Пена во Тетово, во долниот дел на градот се уште не е уредeно и е преполно со отпад. 700 метри воздушна линија од општина Тетово, во овој дел од градот реката изгледа како вистинска депонија. Во тој дел може да се забележи стар мебел, теписони и разни работи. Жителите на населба Дарданиа, стравуваат од повторување на поплавите од август 2015 година.

-Мора да се среди, има многу вода, која излегува надвор и прави штети. Не верувам дека ќе се уреди.

-Секоја година има многу ветувања, но нема реализација во населба Дарданиа, нема ниту една активност. Ние како жители на оваа населба претрпевме многу штети од овој нереализиран проект, од поплавите кои се случија. Има само празни зборови и ништо не е сработено како што можете и самите да видите

Од општина Тетово ветија дека ќе го исчистат овој дел во 2019 година кога почна и изградбата на дел од коритото на реката Пена во близина на болницата, во должина од 900 метри. Но, иако работните активности во овој дел почнале, се уште не е исчистена депонијата.

Велат дека завршиле геодетските мерења и чекаат да аплицираат во Министерството за екологија за овој дел од речното корито.

„Станува збор за продолжување на речното корито на Пена во должина од околу 1000 метри и по проектирањето, општина Тетово ќе аплицира на еден од јавните повици на Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од Општина Тетово.

Но, од Министерството за животна средина, за ТВ21 велат дека општина Тетово досега не аплицирала со ниту еден проект за изградба на речното корито на реката Пена.

„Досега општина Тетово не доставила ниту еден проект за уредување на речното корито. Рокот за апликација е до крајот на март“, велат од министерството за животна средина.

Инаку, и речното корито во Шипковица не е уредено. Такво ветување даде градоначалничката на Тетово заедно со Министерот за животна средина.

Извор: ТВ21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...