6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветОБЈАВЕНИ ГРОЗОМОРНИ ДЕЛОВИ ОД МАНИФЕСТОТ НА УБИЕЦОТ ОД ГЕРМАНИЈА

ОБЈАВЕНИ ГРОЗОМОРНИ ДЕЛОВИ ОД МАНИФЕСТОТ НА УБИЕЦОТ ОД ГЕРМАНИЈА

ерманскиот министер за внатрешни работи Хесе Питер Беут изјави дека мотивот на нападот во Ханау е ксенофобија и дека 43-годишниот напаѓач Тобијас Р. и неговата мајка биле пронајдени мртви со прострелни рани во неговиот дом.
Во Ханау, град источно од Франкфурт, девет лица загинаа во средата вечерта кога напаѓачот изврши два вооружени напади во наргиле барови.

Според весникот Билд, напаѓачот најпрво убил три лица пред барот Миднајт и ранил едно лице. Потоа отишол во населбата Кеселштат, каде упаднал во Арена, друг бар од ист тип, при што убил уште пет лица, а повредил четворица други. Едно лице почина во болница, така што бројот на загинатите се зголеми на девет.

Полицијата после тоа го открила телото на 72-годишна жена, негова мајка и телото на напаѓачот во станот и верува дека сам си го одзел животот.

Напаѓачот, според Беут, е Германец.

Сторителот досега немал екстремистички испади и бил член на локално стрелачко друштво кое му овозможило легално да поседува оружје.

Тобиас Р. остави зад себе манифест од 24 страници и неколку видеа во кои се опишува неговиот живот.

Делови од манифестот ги објавија германските медиуми, покажувајќи дека напаѓачот бил екстремен десничар кој имал психолошки проблеми.

Стручњакот за тероризам Перет Р. Нојман го опиша како личност што ги мрази сите странци кои не се белци.

„Дури и кога директно не се споменува исламот, манифестот повикува на уништување на разни држави во Африка, Блискиот исток и Азија (кои се претежно муслимански)“, се наведува во деталите за манифестот Нојман.

Напаѓачот кажува дека е роден 1977 година и студирал деловна администрација во Бајерут. Ги мразел сите мигранти, без оглед од каде потекнуваат.Тој ги оправда своите постапки со образложение дека „науката докажува дека некои раси се супериорни во однос на другите“ и често споменува целосна елиминација на некои етнички групи, особено оние во Африка, Азија и Блискиот исток. Манифестот има и список на луѓе кои мора да бидат уништени, претежно муслимани.

“Ако сакате да го решите проблемот со странските криминалци, не треба да ги напаѓате надворешните непријатели, туку да ги победите внатрешните непријатели. А тоа може да биде и вашиот народ”, пишува во манифестот и додава: “Не секој што има германски пасош денес е чистокрвен, треба да се елиминира половина од населението”.

Тобијас Р. исто така ги мразел жените.

По сопствено признание, тој не бил во врска со жена веќе 18 години и тврди дека тоа било единствено негова одлука.

Во манифестот се вели дека тој никогаш немал девојка затоа што ниту една не била доволно добра за него. “Никогаш не доаѓаше во предвид да бидам со многу жени, да бидам во врска со некоја која не е убава и со која се разбирам колку-толку. Сакав да го имам најдоброто или ништо”, пишува убиецот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...