8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаБОКИ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ- ветува нема да бега

БОКИ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ- ветува нема да бега

spot_imgspot_img

По денешното завршување на сведочењето на адвокатот Васил Димишков на судењето за случајот „Рекет” адвокатот на Бојан Јовановски побара од судијката Васка Николовска-Масевска да му биде определена поблага мерка за определување на присуство во текот на судската постапка со образложение дека тој нема да бега, како и дека тоа му е потребно поради здравствената состојба
Одбраната на Јовановски посочи дека освен од судечкиот совет кој постапува во случајот „Рекет“, барање за укинување на мерката притвор поднеле и до Кривичниот совет при Основниот суд, но од таму не добиле одлука. Судијката Николовска-Масевска посочи дека ќе почека советот да донесе одлука, па потоа на следното закажано рочиште за „Рекет“ ќе се произнесе за предлогот.

Јовановски на денешното рочиште рече дека среќен е што му било соопштено дека нема повеќе малигнитет, но дека од друга страна за комплетно заздравување му бил препорачан хигиенско-диететски режим кој не можел да се спроведе во затворски услови.

„ Мојата здравствена состојба стана шпанска серија. Лица со поголема криминална историја се шетаат на слобода, а вие над мене диктирате правда. Во затворот каде што сум сега нема услови за хигиенско-диететскиот режим што ми е препорачан. Никогаш не сум сакал да бегам. Образложението дека немам оформено семејство не е издржано бидејќи тоа е мој личен избор и сметам дека во тој поглед сум дискриминиран. Исто така и за тоа дека не сум во редовен работен однос сум дискриминиран, бидејќи јас сум сопственик на повеќе трговски марки и сум раководел со 1 ТВ, каде чест гостин беше и оваа обвинителка овдека. Сметам дека со овие образложение зошто сум во притвор се крши Уставот кој вели дека не смее да има дискриминација. Давам целосно ветување дека ќе бидам корисен во овој трагичен кривично-правен предмет трагично наречен „Рекет““, рече Јовановски пред судот на моменти гестикулирајќи одредени потези и имитирајќи ја Русковска.

На ова реагираше Русковска која гласно извика дека полицијата не го најде Јовановски во библиотека, туку го уапси на граница и дека воопшто не треба да се размислува за тоа да му се укине мерката притвор. Обвинителката посочи дека на обвинетиот Јовановски треба да му се укаже дека се наоѓа во суд, а не во театар.

На ова тој и возврати на Русковска со зборовите: „ Не треба да ги слушаме вашите гласовни способности и колку можеш да се дереш“.

Јовановски дополни и дека можеби ако ги посочел Јанева и Милевски како виновници, ќе добиел позитивно мислење од обвинителката, како што таа направила со Кичеец кој беше пуштен од притвор во куќен притвор уште пред да почне судската постапка.

На Јовановски мерка притвор му беше определена од 15 јули, 2019 година, а според последните решенија му се продолжува поради опасност од бегство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...