8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГрчев: Споменикот на Мајка Тереза е фашистички споменик

Грчев: Споменикот на Мајка Тереза е фашистички споменик

spot_imgspot_img

Мирослав Грчев, архитект и советник во Министерството за култура, но и на екс премиерот Зоран Заев вели дека споменикот на Мајка Тереза кој треба да се гради на плоштадот Македонија е фашистички споменик.

Тој во Утрински брифинг на Слободна ТВ, изјави дека овој споменик нема никаква смисла која за него оваа градба, во својата суштина е фашистички споменик и притоа споменикот го спореди со тромб, односно тумор.

-Така да ние одгледуваме фашистички споменици во атмосфера која што ја нарекуваме враќање на владеење на право, демократизација, реформи кои одат во смер на реализација на демократски европски вредности. А толерирањето на постоењето на овие споменици е практично е потполна институционална импотенција, рече Грчев.

Грчев вели дека не само тој споменик, туку сите споменици од проектот Скопје 2014 се споменици во слава на ултранационалистичка преродбеничка и фашистичка диктатура.

Ваквите ставови на Грчев се и повеќе од скандалозни имајќи предвид дека Мајка Тереза чие потекло е од Скопје, заради нејзините хуманитарни дела е почитувана во целиот свет, а добитник е на Нобелова награда за мир, додека Католичката црква пред три и половина години беше прогласена за светица.

За потсетување папата при посетата на Скопје за Мајка Тереза истакна дека со право како држава сме горди на оваа голема жена.

-Ве охрабрувам верно да го следите започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и плодна интеграција на културите, религиите и народите, изјави папата Франциско.

Грчев со неговите ставови не само што ги навредува католичките верници во Македонија, туку целата држава која гордо го слави името, вредностите и хуманоста на Мајка Тереза.

Воедно, Мирослав Грчев со неговата изјава го навреди целиот македонски народ, македонска историја и борбата за самостојност и државност велејќи дека спомениците на Ченто, АСНОМ, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и многу други дејци за него се фашистички споменици.

На ваквите ставови на Грчев потребна е итна реакција и осуда од страна на министерството за култура и владата имајќи го предвид неговиот ангажман како советник за култура и човек кој изминативе години од тие две места има добиено 17.000 евра за неговите услуги.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...