5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваИсповед на 28-годишна девојка која боледувала од депресија: „Спиев со 130 мажи,...

Исповед на 28-годишна девојка која боледувала од депресија: „Спиев со 130 мажи, некогаш и со 4 дневно“

Франки Консиден била зависна од секс до таа мера што понекогаш спиела и со 4 мажи дневно.

Вели дека не можела нормално да функционира без да знае дека сигурно ќе ја добие „следната доза секс“. Таквиот начин на живот негативно влијаел на работата и меѓучовечките односи, но и на психичкото и физичкото здравје.

28-годишната девојка боледувала од депресија, различни сексуално преносливи болести, а останала бремена без да знае кој е таткото на детето.

„The Sun“ пренесува дека Франки често отсуствувала од работа со оправдување дека е болна, а сето тоа поради секс. Вкупно спиела со повеќе од 130 мажи, а потоа дознала дека има дијагноза – зависност од секс.

Додека не дознала дека нејзината состојба е медицински признаена, мислела дека имала потреба за секс поради траумите предизвикани од разводот на нејзините родители и ниската самодоверба – што се однесува до физичкиот изглед.

Вели дека сè почнало на 13 години, кога родителите се развеле. Тогаш седела на социјалните мрежи и барала луѓе со кои може да разговара. На 14 години ја загубила невиноста и влегла во првата долга врска, но вели дека не можела да биде верна.

Неколку години подоцна, кога мајка ѝ починала – тоа ескалирало. Се откажала од факултет и во наредните 3 години спиела со 80 мажи. Вели дека со сексуалните односи ја решавала тагата по загубената мајка. Во еден период од животот спиела и со 4 мажи дневно, но ниту тоа не ѝ било доволно.

„Еден викенд во 2012-та година отидов во Брајтон на роденден. Запознав едно момче, дојде во мојата хотелска соба и имавме секс. Следниот ден бев кај автомеханичар да ми го провери автомобилот. Спиев со него и со неговиот пријател, а подоцна истата вечер спиев со друг маж“, раскажала девојката. Не користела заштита, па боледувала од кламидија и ХПВ. Забременила на 22 години. Не знаела кој е таткото, па одлучила да абортира. Вели дека тоа било момент кога се скршила.

Истата година запознала маж на Тиндер со кој започнала врска во 2018-та година и со него имала ќерка. Врската брзо пукнала, но Франки после тоа одлучила да посети психолог. Тогаш ѝ дијагностицирале зависност од секс.

„Олеснувањето кое тогаш го почувствував беше неверојатно. Сфатив дека тоа не е моја вина. Сфатив дека има и други луѓе како мене и кои се плашат да зборуваат за тоа“, вели денес Франки и нагласува дека со својата приказна сака да им помогне на сите кои се наоѓаат во таква ситуација.

tocka.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...