9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСопственикот на словенечки „Растодер“ ние работиме со банани, дрогата ни ја има...

Сопственикот на словенечки „Растодер“ ние работиме со банани, дрогата ни ја има некој подметнато….

„Растодер“ тврди дека се цел на злоупотреба од страна на криминален картел. Вака се огласи сопственикот на фирмата од Словенија , чиј бренд беа бананите во кои македонската полиција заплени килограм кокаин.

„Криминален картел нѐ злоупотреби. Веќе подолг период меѓународни криминални организации прават злуоупотреби на трговските рути од Јужна Америка за нивните противзаконски активности“, соопштуваат од „Растодер“.

Во скопски Крушопек пред два дена полицијата заплени еден килограм кокаин кој што беше скриен во кутии со банани, а медиумите во Словенија пренесоа дека бананите кои се увезени до Јужна Америка требало да завршат во Италија, патувајќи преку неколку балкански земји.

Од словенечката компанија меѓудругото додаваат дека притворените во Македонија не се поврзани со неа а „Растодер“ била само една од фирмите злоупотребувани од шверцерите на дрога.

Во рамки на акцијата првично уапсени беа четворица, од кои двајца се ослободени. Истрагата одреди притвор за едно лице додека за второто е побарана мерка обезбедување на присуство.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....