9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаВмро Дпмне се плаши од фактот дека Зоран Ногачески ќе е доживотен...

Вмро Дпмне се плаши од фактот дека Зоран Ногачески ќе е доживотен градоначалник на општина Дебрца.

spot_imgspot_img

О.К. Вмро-Дпмне Дебарца го обвинува градоначалникот Ногачески дека им каснело платата на наставниците? значи да повториме им каснел со платата на наставниците !!! Па еве ние да ги запрашеме на О.К. Вмро-Дпмне Дебарца од кога тоа градоначалникот почна да дава плата за наставниците? Градоначалникот има право само да ја одобри, а платата ја дава училишната администрација (директорот).

Во продолжение градоначалникот Ногачески испарти реакција по повод соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дебрца. Во неа стои:

➡️Пак на погрешна врата сте тропнале. Не ме чуди, Ногачески Ви е опсесија, ноќна мора. Релакс малку, не плашете се толку од Ногачески, тој не е “бабарога”, тој само си ја работи работата, која му ја довериле граѓаните.

Ако не сте знаеле, градоначалникот не исплаќа плата за училиштето, тој само ја одобрува, а целокупната постапка околу исплатата ја води училиштето. Ногачески ја одобри јануарската плата за вработените во ОУ “Дебрца” уште на 5 февруари, а тоа што платата не е исплатена ( доцни 7 дена ), вината нека си ја побараат кај училишната администрација.

➡️Вие сте загрижени за просветните работници !??

✅Заборавивте дека Вашиот градоначалник им ги укина патните трошоци на наставниците, кои ние во дел им ги вративме.

✅И Вашите советници на последната седница на советот не гласаа за новиот Статут на училиштето со што дополнително ја блокираа работата на училиштето.

➡️Колку во изминативе две години ние вложивме во образованието Вие можете да сонувате:

✅санација и централно греење во ПУ Мешеишта
✅санација и централно греење во ПУ Требеништа
✅хортикултурно уредување на училишен двор во Оровник
✅молерисување на училиштaта во Белчишта и Требеништа
✅ужинка за секој ученик ( со парите кои Вашиот градоначалник ги трошеше по меани )
✅екскурзии за учениците
✅училишен прибор за првачињата ( со поддршка на фондација “Капинков” )
✅награди за талентирани ученици
✅награда за Првенец на генерација и ученици на генерација
✅ученички и студентски стипендии
✅покровителство на Училишниот крос
✅поддршка за училишните спортски игри
✅поддршка за Отворените фудбалски школи

➡️Ако Вие не ги гледате овие работи поради партиското слепило, граѓаните ги гледаат.

И не грижете се, ќе има уште!“ – стои во реакцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...