11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСара Божиноска од Ресен: Додека се замарате со турски серии, ние го...

Сара Божиноска од Ресен: Додека се замарате со турски серии, ние го изгубивме Преспанското езеро.

Ова е Преспанско Езеро…..Фотографија на Сара Божиноска.

како што може да забележите на сликите езерото полека но сигурно се губи, но сепак никој не ја забележува важноста на оваа загрижувачка еколошка катастрофа , по важно е кој политичар каков скандал направил и дали ќе има друга сезона од вашата омилена турска серија…Фотографија на Сара Божиноска.
Јас не сум експерт но од тоа што го видов денес можам да кажам дека ситуацијата е навистина лоша, насекаде остатоци од изумрема езерака флора и фауна и купови на сува трска (а да не зборувам за отпадната пластика која е насекаде) , и тука доаѓа прашањето -До кога ќе се игнорираат еколошките катастрофи ? Зошто упорно се става превез од лаги и се занемарува континуираното уништување на природата????
Дека не измислувам некои си “паники” за еколошка катастрофа говорат и фотографииве , а еве и мал извадок од страната на Wikipedia за Преспанско Езеро:Фотографија на Сара Божиноска.

“СЕГАШНАТА КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА на Големото Преспанско Езеро со: намалените ниво на водата за 9 метри и зафатнина за 50%, повлечената крајбрежна линија за 3,5 км., исушените блата, малиот дотек на чиста,свежа и богата со кислород вода, големото присуство и концентрација на сулфати и пестициди, плитката вода, продорот на сончевите зраци до дното, дислокацијата и наголемувањето на количината и просторот со присуство на разни видови алги, намалената чистота на водата и др. Е ПРЕМНОГУ ЗАГРИЖУВАЧКА и безнaдежна за Преспанската Котлина.,,Фотографија на Сара Божиноска.

Како и да е , Вие не се грижете за ова , слободно обрнувајте внимание на други теми , и да се исуши езерото за нас пак вода ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ќе има , па за другото и не е важно.Фотографија на Сара Божиноска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...