14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИсповед на Македонец од Швајцарија: Овде нема излежавање по кафаните, само работа!

Исповед на Македонец од Швајцарија: Овде нема излежавање по кафаните, само работа!

Ќе ви кажат дека во странство е многу лесно, но вистината е друга. Ќе заработите одлична плата од 1500 евра месечно, ќе возите убав автомобил, ќе живеете во чисти и зелени средини, ќе имате одлично здравство, вашите деца ќе добијат одлично образование, но тоа да го имате ќе треба да работите 24/7.

Реалноста е таква – тие што работат имаат пристоен живот. Многумина од оние кои живеат во Македонија, мислат дека животот во странство е лесен, но ние што заминавме знаеме како е – работа, работа и само работа. Работа дури и во Сабота! Само со многу труд и пот ќе имате убав живот.

Јас се преселив во Швајцарија пред нецели 7 години, и моето искуство зборува дека животот овде е навистина убав. Како и секаде има и позитивни работи, но исто така има и негативни. Да бидеме искрени, во споредба со Македонија, овде сме на 7 небо.

Кои се позитивите?
Едно е факт, ние купуваме и конзумираме здрави прозиводи, можеме да им обезбедиме одлично образование и здравсто на целата фамилија. Швајцарија изобилува со зеленио, па затоа дишеме чист воздух.

Заработуваме над 1500 евра, но нашите плати знаат да растат секоја година за добар процент. Споредбно со Македонија, каде јас земав плата од 200 евра, овде се преродив. Можам да си дозволам многу задоволства за кој не ни можев да сонувам во Македонија. Тоа дополнително ме мотивира да работам подобро иако работата е напорна и целодневна.

Негативните страни ги има, но на крај кога ќе ги споредиме работите Швајцарија е ветената земја.
Кога сте во Македонија, може да излезете кога сакате со друштво независно дали е викенд или работна недела. Таму е фамилијата, таму се пријателите. Навистина понекогаш ми фали нивното друштво. Се враќам во Македонија секое лето, седам по две недели и се гледам со нив. Но толку трае мојата тага по родната татковина. Почнуваат старите муабети – политика, завист и жалење. Сите ми велат блазе си, отиде, си живееш убаво. Кога ќе ги слушнам тие муабети веднаш сакам да се вратам и никогаш да не стапнам во оваа проклета и депресивна земја.

Можеби животот во Швајцарија ми ги отвори очите, зошто таму луѓето не се замараат со тоа кој колку украл, кој што купил, не, тие си живеат мирен и достоинсвен живот и си терат по свое.

Кога би ме прашале дали е добро да се живее во Швајцарија.
Колку и да ми биде тешко, едно сум сигурен – имам плата, здравство, образование за децата. Имате документи? Не чекајте, веднаш дојдете и видете дека Швајцарија е ветената земја за секој Македонец.

makedonci.ch

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...