5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонски камионџија се превртил со камионот па така го откриле дека се...

Македонски камионџија се превртил со камионот па така го откриле дека се занимава со шверц. (Видео)

Македонски камионџија бил вистински малер, па завршил во болница откако излетал од автопат во Италија, но да биде несреќата уште поголема, полицијата во превртениот камион пронашла шверцувани цигари вредни над 200 илјади евра.

Несреќата се случила во понеделникот на автопатот А13, на делот меѓу Алдедо-Малбербего во Северна Италија.

Тогаш од непознати причини камионот ја пробил банкината и излетал од коловозот. Возилото со приколката се превртело, а возачот Б.М.(57) бил тешко повреден и пренесен во болницата во Ровиго.

Откако го извлекле возачот, полицајците го прегледале товарот расфрлан околу камионот. Во купот расфрлени огревни дрва имало картонски кутии, иако, според документите, камионот превезувал само дрва.

По детално разгледување било утврдено дека станува збор за 250 штеки цигари во товарот и уште 213 расфрлани по асфалтот, сите од марката „Реџина“ која не се дистрибуира во Италија.

Според полицијата, станува збор за евтини цигари произведени во Источна Европа и наменети за црниот пазар, а какви и претходно биле запленувани.

Камионот, кој дрвата ги транспортирал од Македонија за Италија, заедно со стоката се запленети, а возачот е под истрага на обвинителството.

весник

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...