22 C
Ohrid
петок, септември 18, 2020
Почетна Македонија Не тагувај мила мајчице, да заработам некоја паричка, пак ќе се вратам.

Не тагувај мила мајчице, да заработам некоја паричка, пак ќе се вратам.

Translate (Eng):[gtranslate]

Неплатени сметки собираат прашина, работа нема, очајот расте… Непрекинато се бара излез од затекнатата ситуација. Огласи за работа на интернет, огласи по весници, распрашување по пријатели… „Се бара конобарка…“ Конобарка?!

Оф мори мајко како ли да работиш кај такви, факултетски образуван а тој што го пишувал огласот не ни го знае македонскиот збор за „конобарка“… „Се бара продавачка за во бурекџилница“ и ок си викаш ајде еден пристоен оглас… Одиш ама наидуваш на летва…

„Извинете г-ѓо вие се прекфалификувана за ова работно место… Но ве молам мене ми е потребна работа… Не вие ќе заминете веднаш штом си најдете соодветна работа на вашето образование а нам ни треба стабилна личност што нема да ни избега…“ И… да, не дека нема право… Нема откажување и повторно назад барајќи низ огласите… „Се бара секретарка за деловни патувања, дискреција загарантирана…“ Молам?! Ауч!

РЕКЛАМА

Одиме следно… „Се бара девојка за во бутик со атрактивен изглед…“ Хмм и тогаш следи прашањето дали тоа што за мене е атрактивен изглед значи истото и за тебе?! За вкусови не се дискутира нели?!

И зошто по ѓаволите мора да стои тоа атрактивен изглед?!

И така до неповрат… Агонијата расте, мозокот уклучен на 100-ка… На крај се појавува оглас… „Се бараат работници за работа на поле во Италија“… Пасошот во раце, решението донесено, збогум најмили до следно видување…

Скопје 2018 година… И така пресно вратени од поле, повторно е донесено лично решение да се пробаш во твојот град… Бараш работа и оп, по некоја чудна среќа работа наоѓаш по струката која си завршил… Хмм…

Платата не е лоша, пристојна е но сепак научен од тој печалбарски живот викаш ајде јас ќе пешачам да не трошам за автобус…

Прв ден… втор… трет… Хмм… Зградите си стојат на истото место… По некој нов споменик или некој нов протест… Ништо чудно како пред пет години освен еден детал кој што нема а како да не биде забележан…

Прв дуќан: „Се бара продавачка за работа, искуство не е потребно…“

Трет дуќан: „Се бараат работници…“ Петта слаткарница:„ Се бараат слаткарки, продавачки, чистачки…“ И така преку еден се додека да се стигне на работата… Хмм… Што по ѓаволите се случило во мојот, твојот, нашиот град?! Ако пред пет години требало да молиш за продавачка во бурекџилница сега… Сега едноставно нема кој да работи… Хмм…

следен ден… Одиш од другата страна кај паркот надевајќи се дека ќе видиш некоја убава слика па така денот убаво да ти започне…

Пример некој заљубен пар како се држи за раце, мајка како си ги шета дечињата, средношколци седнати на клупа како се договараат да избегаат од час… Но и таму некој чуден шок… Не дека ми/ни сметаат но… пензионери кои не можеш да ги собереш во 5 автобуси… И не се смеат, барем да се смееа… Се тажни стари лица… Де ВМРО, де СДСМ…

Што се случило тука бе? Што направивте за толку кратко време?? Како успеавте да ги избркате сите млади, работо-способни паметни глави?! Нели требаше Македонија да биде Швајцарија на Балканот? Ваква ли е нашата Швајцарија?!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова, Извор Трибуна.

- Реклами -