14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаБез разлика што се некаде таму далеку, тие ја сакаат Македонија...

Без разлика што се некаде таму далеку, тие ја сакаат Македонија…

Секој ден плачам, но не знам дали тоа е од тага или среќа. Пораснавме генерации момчиња и девојчиња во ист град, живеевме безгрижно секој со своја филозофија за среќа. Бевме на многу забави, скромни летни одмори до Охрид, а зима до Маврово или Попова Шапка. Немавме многу пари, но бевме среќни.

После 5-6 години од време на време ќе споделиме по некој спомен на facebook од нашата младост, но најголем дел од нас веќе не сме тука. Не сме во Делчево, Берово, Скопје или Битола. Раселени сме по целиот свет. Некој во Детроит, некој во Чикаго, Берлин или Минхен.

Моите пријатели беа паметни момчиња, немаа пороци освен цигара, може и некое пивце. Завршивме технички факултети, медицина, информатика. Сите се одлични, напредуваат во кариера, добиваат награди, имаат семејства. Гледам како нивните дечиња растат, како се среќни и насмеани. Гледам и секој ден плачам. Плачам од среќа затоа што тие некаде далеку си ја најдоја својата среќа. Плачам затоа што не се во Македонија, за повторно да се собереме денес со семејства да испиеме ладно пиво и да скршиме добар муабет.

На крај, без разлика што се некаде таму далеку, тие ја сакаат Македонија секој ден. Никогаш не заборавиле кои се, и од каде доаѓаат. Македонија е наша љубов и наш сон. Потребна е борба секој еден млад човек да остане тука. Борба да ги убедиме младите дека тука може да биде подобро. Младите повеќе не смеат да бидат заборавени, држава без младина нема иднина.

Автор: Познатиот твитер профил @US_Reagan за Конзерватив МК.
Линк: https://twitter.com/US_Reagan
https://conservative.mk/konzervativecot/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...