13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЕстрадаЕлена Велевска: Направив се да го спасам бракот но за жал не...

Елена Велевска: Направив се да го спасам бракот но за жал не успеав, толку беше…

Фолк пејачката Елена Велевска се разведува и покрај обидите да го спаси бракот. Таа веста за разделбата ја потврдува за естрадниот магазин „Бекстејџ’“, а причините ќе ги открие во вечерното издание на магазинот.

Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е разводот, вели Елена.

Минатата година беше турбулентна во љубовниот живот на фолк-пејачката Елена Велевска. По десет години брак, таа во август минатата година, изјави дека се разведува од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.

– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

– Би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но не било баш тоа така…

Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам..Животот за нас оди понатаму – напиша тогаш таа на „Фејсбук“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...