12.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМаж варел кафе па си го запалил станот во Скопје.

Маж варел кафе па си го запалил станот во Скопје.

spot_imgspot_img

Пет лица се извелечени од станот во кој избувна пожар денеска во Ново Лисиче,, објави „А1он“. Како што информира порталот, меѓу извлечените имало и една неподвижна жена и маж, кој од стресот не можел да оди па го симнувале во количка. Неподвижната жена со Брза помош била пренесена во болница.

Пожарот е изгаснат, а преизвикана е само материјална штета.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски, вели дека една екипа пожарникари го гасела пожарот, а друга ги извлекувала луѓето од станот. Симоновски вели дека огнот се раширил од плинска боца на која вареле кафе.

„Мажот варел кафе на плинска боца. Се потпалил чаршафот и од таму огнот се раширил насекаде. Во соседната соба беше неподвижната жена, живее на дијализа, со апарати приврзани за неа. Ја извлековме, докторите ја прегледаа и утврдија дека ѝ треба дополнителна помош. И мажот се пожали дека не може да оди, рече дека не му функционираат нозете поради стресот. Тој е подвижен, прво го изнесовме на балконот, а потоа го симнавме во количка. Во станот имаше петмина“, изјави за „А1он“ командантот Симоновски.

И покрај препораките во случај на пожар да не се користи лифт, станарка од зградата тргнала да излегува и се заглавила во лифтот па пожарникарите и неа ја спасувале

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...