9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСообраќаец за да не пише казна побарал 100 евра мито, но лошо...

Сообраќаец за да не пише казна побарал 100 евра мито, но лошо завршил.

Скопски полицаец барал мито од 100 евра за да не пише казна за наводен сообраќаен прекршок, но бил уапсен откако граѓанинот на кој му биле барани пари го пријавил во полиција.

Министерот Наќе Чулев на својот ФБ профил откри дека од слобода е лишен полицискиот службеник Б.Џ. и кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари кои биле кримтехнички обработени.

-Полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот.

МВР во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување, соопшти Чулев преку својот ФБ профил, на кој ги повика вработените во МВР да ги почитуваат законите, а граѓаните ги охрабрува да пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...