9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче – Да не се крева паника, спремни сме со сите капацитети...

Филипче – Да не се крева паника, спремни сме со сите капацитети да се бориме против Корона вирусот

spot_imgspot_img

Министерот за здравство Венко Филипче денеска повика јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба. Здравствениот систем, како што рече,  е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар.

 

 

Филипче апелираше патниците кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството, односно доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку да се јават на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје.

 

„Со цел да не шетаат по здравствените институции, тие патници кои во моментот немаат никакви симптоми, а може да се во инкубациски период и кај кои евентуално по неколку дена се јават симптоми, да се јават на еден од телефонските броеви на локалните центри за јавно здравје и на Институтот за јавно здравје за да може тим соодветно опремен да ги посети во нивните домови“, рече Филипче.

Тој додаде дека има сосема доволна количина на потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40 илјади маски и 10-тина илјади мантили и скафандери, но оти се подготвува и набавка на дополнителен број.

Филипче уште еднаш апелираше да не се патува во критичните региони без итна потреба, а на денешната седница на Влада ќе се разговара за откажување на сите планирани патувања во Европа организирани од страна на државните институции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...