9.9 C
Ohrid
четврток, октомври 1, 2020
Почетна Македонија Вирусот не фати неспремни, нема повеќе заштитни маски во аптеките ширум Македонија.

Вирусот не фати неспремни, нема повеќе заштитни маски во аптеките ширум Македонија.

Translate (Eng):[gtranslate]

Денеска од неколку аптеки во Скопје и Охрид беше потврдено дека вчера се потрошиле последните резерви на заштитни маски и не знаат кога ќе пристигнат нови.

Министерот за здравство, Венко Филипче за дезинфекционите средства во аптеките, рече дека вчера имало проблем. но дека е интервенирано во Царинската управа. Тој додаде дека има недостиг од маски во целиот регион додека Министерството располага со доволно маски за медицинскиот персонал.

Епидемиологот Љуљзиме Бајрами рече дека хируршките маски се добра превентивна мерка за близок контакт со заразени од корона вирус.

РЕКЛАМА

Инаку на последниот состанок, Владата го задолжи МЗ итно да обезбеди доволна количина маски, ракавици, дезинфекциони средства и заштитни одела за институциите на системот на интегрирано менаџирање на границите со цел заштита на персоналот како и да обезбеди дезинфекциони средства и сапун за училиштата и градинките во земјава.

- Реклами -