Нуркачкиот центар “АКВАТЕК” Охрид и Здружението за екологија и туризам “ЕКОТУРИЗАМ-2016”, Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото блато.
Најголемото блатно езерце “Сино Дувло” крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим.
Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има мали рипчина – писи и голема концентрација на мали ракчиња.- истакнуваат реализаторите на проектот.
Фото Никола Паскали
Ohridnews.com































