8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаКорона вирусот се прошири низ 30 земји во светот

Корона вирусот се прошири низ 30 земји во светот

Досега 30 земји воведоа итни мерки или зголемени мерки на претпазливост за коронавируси, при што првите случаи се пријавени во Латинска Америка, Бразил, додека во Алжир еден италијански државјанин е ставен во изолација, пренесуваат агенциите.

Досега 11 лица починале на северот на Италија како резултат на инфекција со коронавирус, повеќе од 300 се заразени и воведени се карантински мерки во 10 градови. Во девет италијански региони, заразени се вкупно 325 лица, а најголем број има во Ломбардија – 240 заразени и девет мртви, објави Анса.

По ширењето на вирусот во Италија, Хрватска, Австрија и Швајцарија, и од Бразил стигнале известувања до Светската здравствена организација за првите случаи на коронавирусот.

Бразилското Министерство за здравство објави дека жител на Сао Паоло, кој неодамна пристигнал од Ломбардија, Италија, биле подложен на тестирање и резултатот е позитивен.

Првиот случај на коронавирус е пријавен и во Алжир, а се претпоставува дека пренесувањето на болеста дошло од Италија. Во Алжир, еден Италијанец којшто пристигнал во земјата на 17 февруари е изолиран, а Ројтерс јавува дека здравствените власти наредиле да се преземат сите мерки на претпазливост.До денес, во Северна Америка се пријавени 63 случаи на коронавирус.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...