9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабаваМакедонците живеат во сиромаштија бидејќи уште не дознале за влезот во НАТО

Македонците живеат во сиромаштија бидејќи уште не дознале за влезот во НАТО

Иако поминаа неколку недели откако Собранието едногласно го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, во земјава се’ уште постојат граѓани до кои не пристигнала добрата вест, па поради тоа и понатаму се сиромашни.

Еден таков пример е семејството Трпеви од село Волче, беровско, кое, поради отсеченоста од светот, не било на време информирано за ратификацијата и продолжило да живее во беда дури и откако земјава стана дел од алијансата.

Главата на семејството, Трпе Трпев, побара прошка од македонската јавност што заради својата неинформираност испратил лоша слика во светот за земјава, но вети дека таков пропуст нема да се повтори и се заколна дека веднаш ќе престанат да бидат сиромашни.

Експертите велат дека во земјава има уште граѓани што не се во тек со најновите дневни настани, па поради тоа се перцепираат себеси како сиромашни и не можат да си ги задоволат основните човекови потреби.

Текстот е измислен, ама за жал вистината е таа…

Извор: Коперација

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...