14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЗабаваПродолжи случајот Рекет: Сведочеше гарнитурата на Катица Јанева

Продолжи случајот Рекет: Сведочеше гарнитурата на Катица Јанева

Емануела бр. 4, екс гарнитурата на екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство, денес седна (хехе…седна!) на клупата за сведоци во случајот Рекет и ги сподели со јавноста сознанијата и искуствата од нејзиниот престој во станот на Катица Јанева.

Во своето сведочење, таа се присети на првиот ден кога пристигнала во скромниот дом на Јанева и призна дека на почетокот ѝ било тешко, посебно за време на попладневната дремка после вториот ручек на газдарицата, но со тек на време научила да се носи со тежината.

За наводните криминални дејства на поранешната прва „специјалка“, сведочеше дека таа лично никогаш не ја видела да изврши кривично дело, но истакна дека и кога би сакала не можела да види, затоа што Катица и гостите 99% од времето ѝ биле свртени со грб.

Пред судот се пожали на третманот од полициските службеници, за кои рече дека се однесувале непрофесионално и ја привеле без никакви докази и без да ѝ дадат шанса да им објасни како се нашла на местото на злосторството, за што најави тужба до МВР за нарушување на честа и угледот.

Извор: Koперација

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...