26 C
Ohrid
петок, јули 10, 2020
Почетна Свет Детето кое сакаше да се самубие поради малтретирање во школо, сите пари...

Детето кое сакаше да се самубие поради малтретирање во школо, сите пари ќе го даде во хуманитарни цели..

Translate (Eng):[gtranslate]

Деветгодишниот Квајден Бејлс кој сакаше да се умре затоа што беше малтретиран од неговите соученици одби да патува во Дизниленд, а сорбаните пари во висина од 700.000 долари ќе ги донира во хуманитарни цели, пренесува „Дејли мејл“. Бејлис стана познат откако неговата мајка го објави видеото во кое тој плаче и вели дека сака да умре.

„Ова се поcледиците од врсничкото нacилство“, рече таа во видеото. „Ве молам, едуцирајте ги вашите деца, семејства и вашите пријатели“.

Видеото имаше над милион прегледи, по што Бејлс доби поддршка од голем број познати спортисти, актери, пејачи, но и илјадници долари за да може да го посети Дизниленд.

РЕКЛАМА

Повеќе од 20.000 донатори од целиот свет собраа 723.000 долари. Но, неговото семејство го одби патувањето и одлучи парите да ги донира во добротворни цели за да продолжи борбата против малтретирања и самоубиства.

„Сакаме парите да одат во организациите на кои навистина им се потребни. Тие ќе знаат на што да ги потрошат“, изјавила тетката на Квајдис, Мунданара.

- Реклами -