8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија e способна и подготвена за многу рано откривање на случаи со...

Македонија e способна и подготвена за многу рано откривање на случаи со коронавирус

Македонија е способна за првично и многу рано откривање на можните случаи со коронавирус. Знае како да се справи со нив. Системот е подготвен и може да одговори на барањата за хоспитализација, смета шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава, Џихан Тавила.

Во интервју за Македонската телевизија, Тавила вели дека ако се зголеми бројот на заболени од коронавирус, постои и план Б. Сепак, нагласува таа, пристапот не е во контролата, зашто вирусот се пренесува од човек на човек и таму каде што има движење на популација е многу тешко да се контролира. Она што треба да се направи е да се обезбедат информации, а не напори за откривање кој е заразен. Мора да се пружи вистинската превенција и да се биде подготвен како ќе се изолира вирусот, наместо да се изолираат луѓето.

Според неа, многу е важно и да не се шират лажни информации, како и да не се подлегнува на шпекулации од социјалните медиуми.

– Треба да одржуваме хигиена со оглед на пренесувањето на вирусот, да ги миеме рацете постојано и да избегнуваме непотребни контакти, нагласува Тавила.

– Прво да кажеме за планот А. Тоа е план земјата да биде подготвена, а тоа значи да се обезбедат опремата за заштита за оние што ќе работат со пациентите, да се осигура дека централната лабораторија во Скопје е подготвена за тестирање, бидејќи ќе ви требаат дијагнози. Тоа е примарно – да имате соодветна тревога на влезовите во земјата, на аеродромите и на граничните премини. Тоа е сега на сила. Во „Северна“ Македонија не е првпат системот да е вака подготвен за да се справите со новиот вирус што ги напаѓа дишните патишта. Имавме неколку подготовки пред неколку години, имаше и вежби исто така за вакви епидемии, истакна Тавила.

Според неа, кога вирусот еднаш ќе се рашири, нема потреба од контрола, туку треба да им се каже на луѓето кои ги имаат симптомите да останат дома, да се самоизолираат. Системот ќе ги испита контактите на лицето кое е заразено, ќе биде префрлено во болницата и ќе му се даде вистинскиот третман.

Состојбата, додаде шефицата на Канцеларијата на СЗО, не може да се спореди со онаа во Вухан, која всушност ги изненади Кинезите зашто се соочија со нов вирус што досега не беше познат.

– Секој ден сé повеќе учиме. Во Италија имаше недостиг на некои капацитети, но вие сте мала земја што може добро да се набљудува. Добро е и што имате отворени линии во секој регион, така што луѓето може да се испитаат ако имаат некој страв. Треба да избегнеме непотребен страв или паника. Невозможно е да се контролира вирус со таква димензија, но мора да ја пружиме вистинската грижа, вистинската превенција и во еден момент да бидеме подготвени како ќе го изолираме вирусот, а не да се изолираат луѓето. Не доаѓаат сите од Африка или Азија. Ако се Азијци не значи дека се носители на вирусот. Тоа е движење. Вирусот лесно се пренесува преку допир. Вториот начин на пренесување е преку исфрлање плунка. Луѓето треба да си ги мијат рацете цело време. Обидувајте се да ги избегнувате непотребните контакти. Кога сте во место каде што има многу луѓе, не ги допирајте лицето, очите, устата. Тоа е основната хигиена. Кога некој ќе кивне може да биде и обична настинка, кивнете во лактот и сочувајте си ги рацете, зашто со нив обично пренесувате нешто, напомена Тавила во интервјуто за МРТВ.

Светската здравствена организација, како што рече, е во постојана комуникација со сите земји, вклучувајќи ја и нашата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...