-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМа какви 500 евра плата... доколку победам сега ќе имате по 600...

Ма какви 500 евра плата… доколку победам сега ќе имате по 600 евра плата, и над 100.000 нови вработувања…

spot_img

Сто илјади нови работни места во нов цел четиригодишен мандат вети денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, претставувајќи ја економската програма во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Заев најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот, односно 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија.

Со ова, како што рече, невработеноста која сега изнесува 17,1 ќе ја намалат под осум проценти, односно под 20 проценти кај младите, која во моментот е 35 проценти.

Претседателот на СДСМ истакна дека во новиот мандат ќе продолжи растот на платите, односно просечната плата ќе порасне на 36 илјади денари, а минималната на 18 илјади денари.

Дел од плановите што ги претстави се и за 20 отсто повисоки плати на вработените во образованието и здравството, унапредување на условите за работа во ИТ индустрија во кој сектор ветуваат да го намалат персоналниот данок на нула проценти во 2023 година.

Според Заев, изминатите 2,5 години Владата направила сериозен исчекор на економски план, а политиките што ги спроведувале отвораат простор за уште поголем раст.

Следуваат четири години мандат за најголем скок на нашата економија, рекордно намалување на невработеноста и рекорден раст на платите. Уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции, наведе Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...