5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаИнфомакс: Познат е идeнтитeтoт на зaбoлeната со кopoнавиpyс, таа со лажни податоци...

Инфомакс: Познат е идeнтитeтoт на зaбoлeната со кopoнавиpyс, таа со лажни податоци ја поминала границата.

Пациенката која во 02:30 часот по полноќ помеѓу 25 и 26 февруари го поминала граничниот премин „Табановце“ е Наџије И. е нултиот пациент носител на КОВИД 19 попознат како коронавирус. Истата околу 03:00 по полноќ сама се пријавила за преглед на Инфективната клиника во Скопје со симптоми на вирусот.

Нултиот пациент Наџије. И. дала лажни податоци на анкетата која е задолжителна при влез во државата на патници од критичните места каде што е потврдена епидемија на коронавирусот. На прашањата одговорила дека не е болна и дека воопшто не се лечела во последните три месеци.

Полицаецот кој што ја вршел контролата е исто така ставен во изолација бидејќи за време на проверката не носел никаква заштитна опрема. Засега не е познато дали и полицаецот е заразен со КОВИД 19, а од полицијата одбиваат да дадат одговори

Тајмингот за тоа кога е примена пациенката се совпаѓа со она што го кажа министерот Венко Филипче, но она што останува нејасно е како тест чиј резултати би требало да бидат познати за најмалку два часа се криеа од јавноста цели 16 часа. Дотолку повеќе загрижува фактот што неофицијалните информации кои уште вечерта помеѓу 25 и 26 февруари ги објавија медиумите беа демантирани од министерството за здравство иако знаеле дека тестот е веќе позитивен .

Според информациите кои со јавноста ги сподели министерот пациентката која се лечи на Ифективната клиника има лесна клиничка слика нема знаци за компликации и се лекува во изолација.

Министерот информираше дека во домашна изолација се вкупно 12 лица, вклучувајќи ги и лицата кои биле во контакт со патниците во комбето кои ноќта на 26 февруари влегоа во земјата на граничниот премин Табановце.

инфомакс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...