5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПазарна инспекција на терен: Aптеките кои сакаа да се збогатат на заштитни...

Пазарна инспекција на терен: Aптеките кои сакаа да се збогатат на заштитни маски и други помагала ќе добијат казни.

Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) да направат увид и контрола на залихите на заштитните средства од пренесувањето на коронавирусот во аптеките, и доколку утврдат неосновано зголемување на цените, да преземат мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб.
Како еден од заклучоците на оваа седница е и одлуката да се воспостави соработка со „Црвен Крст“ и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците на граничната полиција.
Владата на денешната седница ја разгледала и Информација во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на корона вирусот.

Министрите констатирале дека сите преземени мерки досега ги постигнале очекуваните резултати, како и дека превенцијата и контролата за да се спречи непосакуваното ширење на вирусот, се остваруваат целосно.
Дефинитивно се откажуваат сите јавни собири, и струмичкиот карневал, и оној за Прочка, а спортските настани да се играат без публика.

„Во насока на натамошна соодветна превенција, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет, и донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година. Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации“, се вели во владиното соопштение.

Владата препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.

Владата ја задолжила Комисијата за заразни болести да продолжи да ги известува Владата, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, и Кризниот штаб, за епидемиoлошката состојба со корона вирусот, за да се планираат идните чекори во превенцијата и справувањето со ситуацијата.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...