8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13 ја убедувал и Катица Јанева да се оперира, за да...

Боки 13 ја убедувал и Катица Јанева да се оперира, за да биде слаба и убава.

Продолжи рочиштето за случајот „Рекет“, а како сведок на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски се појави Тони Јосифовски, хирург во приватната клиника „Аџибадем Систина“.

Хирургот одговори дека два пати се сретнал со Боки 13 пред операцијата во 2016-та и 2018-та година. Јосифовски откри дека два пати го оперирал Боки 13 кој во тоа време имал 130 килограми, а сакал да има 70 килограми. Хирургот додаде дека имал средба со обвинетиот и надвор од болницата, во кафуле и во домот на Јовановски, а потоа одбраната го прогласи за непријателски сведок и продолжи со вкрстено испрашување.

Понатаму, Јосифовски откри дека вршел преврски во домот на Јовановски затоа што пациентот не сакал да доаѓа во болница. На прашањето дали бил на гости кај Боки 13 заедно со Ана Камчева, хирургот негираше, истакнувајќи дека тоа е ноторна лага.

Како што одговори хирургот Јосифовски, Боки 13 како задоволен пациент започнал да им препорачува и на други лица да ја намалат телесната тежина со стеснување на желудникот. На прашање на Бојан Јовановски дали Јанева не сакала да се оперира, а хирургот ја терал да се оперира во болницата на Камчев, сведокот Јосифовски одговори: „Вие ја теравте да се оперира и баравте алтернативни патишта“.

Јосифовски нагласи дека сепак не ја оперирал Катица Јанева, ниту пак разговарал со второобвинетата за финансиската конструкција.

Со сведочењето на хирургот од клиниката „Аџибадем Систина“, одбраната на Бојан Јовановски се обидува да докаже дека Орце Камчев врз чија што пријава беше оформен случајот „Рекет“, нудел скапи услуги од приватната клиника за да ја подмити Катица Јанева како шефица на СЈО и да биде ослободен од прогон за случајот „Империја“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...