24 C
Ohrid
понеделник, септември 21, 2020
Почетна Македонија Во Македонија за скоро време, ќе нема кој да ве услужи во...

Во Македонија за скоро време, ќе нема кој да ве услужи во продавница.

Translate (Eng):[gtranslate]

Многу често ќе забележите дека на вратите од продавниците, бутиците и маркетите стои натпис „Се бара персонал за работа„! Таман сте го запамтиле лицето на продавачката или продавачот во местото каде пазарувате, веќе следниот месец си дале отказ или заминале во странство… Изгледа дека никој не сака да работи услужна дејност во Македонија…

Токму најголем број слободни работни места има за работници во услужни дејности и продажба, односно 3 114, во четвртото тримесечје од 2019 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, во ова тромесечје, стапката на слободни работни места изнесува 1.77 %. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности со 4.71 %, додека најмала е стапката во секторот Д – Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, во кој изнесува 0.60 %. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.02 %. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.08 %. Најголем број слободни работни места, односно 3 114, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Еве како тоа изгледа преку графикони:

РЕКЛАМА
- Реклами -