11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветПретседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара жените во Венецуела да раѓаат по...

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара жените во Венецуела да раѓаат по 6 деца

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, им порача на жените дека би требало да имаат по 6 деца за доброто на државата, пренесува BBC.

Гостувајќи во ТВ-емисија, каде го промовираше планот за државниот здравствен систем за жените, Мадуро истакна дека жените треба да раѓаат повеќе деца.

„Бог ве благословува кога дарувате живот. Секоја жена би требало да роди по 6 деца за доброто на државата“, вели Мадуро.

Венецуела се бори со голема економска криза што доведе до недостиг на храна и на медицински средства. Според податоците на УНИЦЕФ, од 2013 година до 2018 година дури 13% од децата во земјата се неухранети.

„Болниците не функционираат, нема доволно вакцини, мајките не можат да дојат бидејќи се неухранети, ниту да купат млеко во прав бидејќи е скапо, а земјата се соочува со миграции“, вели Мануела Боливар, опозициска пратеничка.

Среде економска криза, една добротворна организација во 2018 година наведе дека бројот на напуштени бебиња, оставени на улица или во јавни згради е пораснат за 70%.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...