13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаАТИЏЕ: Не сакам да се мажам, не сакам да бидам слугинка ако...

АТИЏЕ: Не сакам да се мажам, не сакам да бидам слугинка ако не ми се погоди

Кога станува збор за љубовта и за мажењето Атиџе вели дека за неа веќе е доцна за брак.-Кога бев млада бев напредна и убава. Уште на 14 години ме бараа момчиња. Дојде едно момче тогаш да ме бара за жена, но не ме дадоа моите бидејќи бев многу мала. Потоа пораснав, имав додворувачи, но се грижев за родителите. Потоа ме касна кучето, ме унакажи. Ми го упропасти животот и немав многу додворувачи.

 

Јас со години имав сериозни проблеми со здравјето и не можев да мислам за љубов и за мажење. А сега веќе во овие години и не сакам да се мажам. Искрено не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка. А децата ги сакам, многу ги сакам. Но, тоа ми било судбината. Кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се. Тоа беше мое премрежје, бидејќи за еден час можев да умрам. Врескав, плачев и никој немаше да ми помогне, но Господ ме спаси за да можам повторно да функционирам. Тогаш ми доаѓаше да се обесам од мака, ама се сожалив над себе и над мајка ми, бидејки неа немаше кој да ја чува. Тоа ме одржа во живот. Е сега треба да бидеш среќен, нели. А јас сум среќна што сум жива иако со здравјето не сум задоволна. Имам последици од каснувањето, не можам да работам тешки работи, рацете ме болат, лицето, носот. Тоа ми е траума. Затоа и не планирам да се мажам. И во Сараево ме прашаа имам ли прилики за мажење а јас им реков дека нема да се мажам бидејки не знам на што ќе налетам. Иако можеби ќе се најде некој што искрено ќе ме сака. Не знам… Но, не сакам да се мажам, бидејки после се низ што поминав сметам дека најважно е човек да биде жив и здрав.

 

Не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка, тоа ми било судбината, кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се, вели Атиџе.

mms.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...